Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Оглас за изработка на бизнис план

Oglas_za_biznis_plan

Бизнис регулатива преку Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива објавува оглас за ангажирање на правно или физичко лице за изработка на бизнис план за потребите на веб сајтот biznisregulativa.mk.

Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива е проект кој се спроведува четири години, а се имплементира од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија. Целите на Проектот се подобрување на работењето на микро, малите и средни претпријатија во однос на  усогласеноста со законската регулатива, исполнувањето на бараните мерки, задачи и обврски, кои  претставуваат најчест проблем. Активностите на проектот се насочени кон помагање на бизнисите во процесот на усогласување со законските барања и да се поттикнат истите да земат активно учество во креирањето на политиките кои ги засегаат.

Дел од активностите на Проектот е агрегатниот веб  портал www.biznisregulativa.mk. Агрегатниот интернет портал biznisregulativa.mk е производ на Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Овој портал е прв и единствен  од ваков тип, каде бизнис заедницата може да се информира за најновите  настани и бизнис активности во државата, како и за промените во законската регулатива поврзана со секојдневното  работење.

Предмет на договорот е  изработка на бизнис план за монетизација на агрегатниот веб портал www.biznisregulativa.mk.

Постапката ја спроведува Друштвото  за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје. Средствата предвидени за склучување на договор се обезбедени преку Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива. Буџетот за склучување на овој договор е фиксен изнесува 1.500,00 УСД. Договорот со избраниот кандидат ќе го склучи Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје.

Временскиот период за извршување на ангажманот е од мај 2019 година до 30-ти јуни 2019 година.

Можат да аплицираат правни и физички  лица кои имаат претходно работно  искуство во водење на маркетирање и продажба на рекламен простор на веб сајтови, комерцијализација на веб сајт, соработка со маркетинг, ПР и адвертајзинг агенции, да има познавање на онлајн пазарот во Македонија и алатките за дигитално огласување. Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да аплицираат со испраќање на ЦВ за физички лица и тековна состојба и референтна листа за правни лица.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат со доставување на бараните документи најдоцна до 17.05.2019 година 16 часот (по локално време) на следната електронска адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

Кандидатот ќе биде ангажиран за изработка на бизнис план за агрегатниот  веб портал кој ќе опфати:

  • Анализа на функционирањето на агрегатниот веб портал во однос на исплатливост и одржливост;
  • Анализа на трошоци (минимални и  оптимални) за функционирање на веб порталот;
  • Анализа на трошоци за веб сајтот во која ќе бидат вклучени решенија за хостинг и домен, плати и маркетинг;
  • Идејни решенија за правната поставеност за начинот на функционирање на агрегатниот веб портал и само одржливост на агрегатниот веб портал.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1