Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ објавува оглас за практикант

oglas_praktikant

Потребни Квалификации: ВСС, Економски факултет, со предност на дипломирани од отсекот Е-бизнис (со и без работно искуство во дејноста)

Вештини и способности:

  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Способност за континуирано стручно усовршување и професионален развој
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на Microsoft Word, Excel
  • Менаџирање на социјални медиуми (познавање на алатка за графички дизајн ќе се смета за предност)
  • Способност за одржување на веб страна (веб администрација)
  • Точност, прецизност, дисциплинираност и одлични комуникациски вештини и подготовка на емаил и дописи
  • Развивање и одржување на односи со компании членки, потенцијални членки и комуникација со соработници
  • Флексибилност за работа на терен


Основни одговорности кои следуваат со позицијата, со обезбедено менторство за спроведување на сите задачи: 

  • Дистрибуција на информации до компаниите членки на МАСИТ, соработниците медиумите, институциите и другите засегнати страни
  • Подготовка на неделен информатор за сите информации кои е потребно да бидат пренесени до членството на МАСИТ
  • Подготовка на 3 месечен е-информатор на MailChimp
  • Подготовка на кампања и креатива за одржување на социјални медиуми
  • Одржување на веб страна на МАСИТ
  • Одржување на базата на податоци на членовите на МАСИТ
  • Техничка поддршка во организирање на настани, работилници, тренинзи и состаноци во организација на МАСИТ
  • Достава на дописи до пошта и институции
  • Врши други сродни работи за поддршка на работата на Извршната канцеларија


Времетраење на работната пракса:
3 месеци со 8 часовно работно време
Надоместок: 6.000 денари месечно

Сите заинтересирани потребно е да испратат свое CV до This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  најдоцна до 06.06.2019.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1