Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Повик за доставување на понуди за Истражување за потребите на дигиталните вештини

  

mladi_mk british ukaid 

Повик за доставување на понуди за Истражување за потребите на дигиталните вештини во земјата спроведено преку директна комуникација со различни засегнати страни од приватниот и јавниот сектор

Проектот MladiHUB - Дигитална младина е имплементиран од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, поддржан од Британската амбасада Скопје. Целта на проектот а ги унапреди дигиталните вештини на младите луѓе, нивниот ангажман во заедницата и да ја зголеми нивната вработливост, преку понуда на курсеви и академии за дигитални вештини во замена за извршена волонтерска и општокорисна работа во заедницата.

Проектот ќе понуди дигитални и меки вештини на младите во замена за општо-корисна работа во заедницата. Во зависност од вештините, интересите и потребите на заедниците во кои живеат, младите ќе треба да учествуваат во иницијативите во заедницата, стекнувајќи ваучер кој ќе овозможи пристап до обука за дигитални и меки вештини. Со ова, покрај практичните и конкретните вештини, младите ќе се здобијат со меки вештини, вмрежување и животно искуство преку ангажирање во рамките на нивните заедници и општество. До крајот на проектот, младите луѓе во Северна Македонија ќе имаат платформа и поддршка за да ги добијат и подобрат своите дигитални вештини и да одговорат на дигиталната трансформација на економијата. Ова ќе ги подобри можностите за вработување, ќе промовира иновации и со тоа ќе го поддржи економскиот развој на Северна Македонија.

Истражувањето за потребите на дигиталните вештини во земјата е една од првите активности на проектот, со што треба да се дефинираат клучните дигитални вештини за кои ќе се развиваат соодветни модули за обука понудени на младите понатаму во рамките на проектот.

1. Цели на ангажманот:

Целта на истражувањето е да се процени моменталната состојба и да се утврдат потребите од дигитални вештини кои најдобро ќе одговорат на барањата за дигитализација на приватниот и јавниот сектор. Врз основа на оваа проценка, различни типови на дигитални вештини и ИТ модули ќе бидат разработени за понатамошна употреба во проектот. Во рамките на ова истражување, покрај потребите на приватниот сектор, исто така, треба да се испитаат различни дигитални иницијативи, активности и проекти на јавниот сектор со цел да се идентификува кои се нивните потреби од дигитални вештини со цел да се преброди дигиталниот јаз за што поголема употребливост и искористување на можностите од таквиот тип на услуги.

2. Опис на работни задачи:

  • Креирање на методологија и алатки за собирање на информации и податоци од бизнисите, институциите, јавните установи, граѓанските организации на Република Северна Македонија;
  • Истражување за потребите на дигиталните вештини во земјата спроведени преку директна комуникација со различни засегнати страни од приватниот сектор, со утврдување на потребите по различни индустрии (минимум 5 анализирани сектори со најголем потенцијал и потреби од дигитални вештини, минимум 250 анализирани компании);
  • Истражување за потребите на дигиталните вештини во земјата спроведени преку директна комуникација со различни засегнати страни од јавниот сектор (идентификација на различни типови на владини институции и мапирање на нивни потреби од аспект на дигитални вештини);
  • Истражувањето треба да ги идентификува најчесто бараните профили за дигитални вештини што треба да ги поседуваат вработените;
  • За секоја од дефинираните потребни дигитални вештини треба да се даде краток опис на тоа што се подразбира под истите и на кои компетенции и вештини се однесуваат. Ова понатаму ќе биде искористено за креирање на модули за обуки за секоја од овие вештини.

3. Квалификации и/или посебно знаење/искуство потребни и пожелни за преземање на задачата:

  • Документирано искуство во спроведување на емпириски истражувања, вршење анализа на податоци, компарација со други истражувања, работа со големи множества на податоци;
  • Искуството во спроведени истражувања поврзани со дигитални вештини и/или потребите на работодавачите;
  • Искуство во спроведување на истражувања во приватен и јавен сектор;
  • Силни вештини за пишување и комуникација, вклучувајќи докажана способност за организирање и сумирање на сложени материјали за различна публика, вклучувајќи и неакадемски извори (на пример, публикации во висококвалитетни списанија, извештаи, кратки извештаи, блогови;
  • Искуство во работа и ангажирање со голем број актери, со акцент на младите, приватниот сектор, владините службеници, истражувачите, практичарите и заинтересираните страни, како и да работат независно и со минимален надзор.

4. Времетраење:

Времето предвидено за спроведување на истражувањето и подготовка на финалниот извештај е од 17 јуни 2019 до 30 август 2019 година (2,5 месеци).

5. Дополнителни информации:

Избраниот понудувач ќе одговара на тимот на проектот (НМСМ и МАСИТ) кој има примарна одговорност за надзор над истражувањето за дигитални вештини. Истражувањето ќе се спроведува на територијата на целата држава.

6. Начин на аплицирање и рокови:

Рокот за аплицирање е среда, 12.06.2019 до 16:00 часот.

Апликациите се поднесуваат во електронски формат на следната маил адреса This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

Сите заинтересирани субјекти во рамки на својата апликација треба да достават детали за:

  • Предлог концепт за целокупно спроведување на истражувањето
  • Кратка биографија
  • Прилог со референци од веќе спроведувани истражувања
  • Финасиска понуда

На следниот линк можете да ја преземете албанската верзија од овој повик.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1