Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Повик за доставување на понуди за Истражување за потребите од општокорисна работа во заедниците во земјата

 

 

mladi_mk british ukaid

Повик за доставување на понуди за Истражување за потребите од општокорисна работа во заедниците во земјата спроведено преку директна комуникација со различни засегнати страни од институциите, јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор

Проектот MladiHUB - Дигитална младина е имплементиран од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, поддржан од Британската амбасада Скопје. Целта на проектот е да ги унапреди дигиталните вештини на младите луѓе, нивниот ангажман во заедницата и да ја зголеми нивната вработливост, преку понуда на курсеви и академии за дигитални вештини во замена за извршена волонтерска и општокорисна работа во заедницата.

Проектот ќе понуди дигитални и меки вештини на младите во замена за општо-корисна работа во заедницата. Во зависност од вештините, интересите и потребите на заедниците во кои живеат, младите ќе треба да учествуваат во иницијативите во заедницата, стекнувајќи ваучер кој ќе овозможи пристап до обука за дигитални и меки вештини. Со ова, покрај практичните и конкретните вештини, младите ќе се здобијат со меки вештини, вмрежување и животно искуство преку ангажирање во рамките на нивните заедници и општество. До крајот на проектот, младите луѓе во Северна Македонија ќе имаат платформа и поддршка за да ги добијат и подобрат своите дигитални вештини и да одговорат на дигиталната трансформација на економијата. Ова ќе ги подобри можностите за вработување, ќе промовира иновации и со тоа ќе го поддржи економскиот развој на Северна Македонија.

Истражувањето за потребите од општокорисна работа во заедниците во земјата е една од првите активности на проектот, со што треба да се дефинираат клучните потреби на заедниците, институциите, веќе постоечките иницијативи за кои ќе се развиваат соодветни програми за волонтирање и помагање на младите во локалните заедници понатаму во рамките на проектот.

1. Цели на ангажманот:

Целта на истражувањето е да се процени моменталната состојба и да се утврдат потребите за воспоставување на систем за општокорисна и волонтерска работа, односно да се изврши анализа и мапирање на потенцијалните институции, јавни установи и граѓански организации и останати иницијативи за извршување на општокорисна и волонтерска работа.

2. Опис на работни задачи:

  • Креирање на методологија и алатки за собирање на информации и податоци од институциите, јавните установи, граѓанските организации, и останати релавантни актери од Република Северна Македонија;
  • Истражување за потребите од општокорисна работа во локалните заедници во земјата спроведени преку директна комуникација со институциите и нивните постоечки програми, а со цел утврдување на потребите на различните локални заедници и (минимум 24 анализирани локални заедници распоредени во сите плански региони на државата);
  • Истражувањето треба да ги идентификува веќепостоечките иницијативи на институциите, јавните установи, граѓанските организации, и останати релавантни актери, за нивните ангажмани во зедниците како и предизвиците со коишто тие се соочуваат;
  • Истражувањето треба да ги идентификува потребите на институциите, граѓаните, граѓанските организации за преземање на иницијативи од општо добро во локалните заедници во земјата;
  • Наодите од истражувањето ќе бидат искористени за креирање на програми и иницијативи за вршење на општокорисна работа во локалните заедници.


3.Квалификации и/или посебно знаење/искуство потребни и пожелни за преземање на задачата:

  • Документирано искуство во спроведување на емпириски истражувања, вршење анализа на податоци, компарација со други истражувања, работа со големи множества на податоци;
  • Искуството во спроведени истражувања поврзани со волонтерство и општокорисна работа;
  • Искуство во спроведување на истражувања во јавен , граѓански и приватен сектор;
  • Силни вештини за пишување и комуникација, вклучувајќи докажана способност за организирање и сумирање на сложени материјали за различна публика, вклучувајќи и неакадемски извори (на пример, публикации во висококвалитетни списанија, извештаи, кратки извештаи, блогови);
  • Искуство во работа и ангажирање со голем број актери, со акцент на младите, приватниот сектор, владините службеници, истражувачите, практичарите и заинтересираните страни, како и да работат независно и со минимален надзор.


4. Времетраење:

Времето предвидено за спроведување на истражувањето и подготовка на финалниот извештај е од 17 јуни 2019 до 30 август 2019 година (2,5 месеци)

5. Дополнителни информации:

Избраниот понудувач ќе одговара на тимот на проектот (НМСМ и МАСИТ) кој има примарна одговорност за надзор над истражувањето за дигитални вештини. Истражувањето ќе се спроведува на територијата на целата држава.

6. Начин на аплицирање и рокови:

Рокот за аплицирање е среда, 12.06.2019 до 16:00 часот.

Апликациите се поднесуваат во електронски формат на следната маил адреса This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

Сите заинтересирани субјекти во рамки на својата апликација треба да достават детали за:

  • Предлог концепт за целокупно спроведување на истражувањето
  • Кратка биографија
  • Прилог со референци од веќе спроведувани истражувања
  • Финасиска понуда

На следниот линк можете да ја преземете албанската верзија од овој повик.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1