Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

GIVE Б2Б настан на тема: „Дигитална иднина на автомобилската индустрија“

 

give_belgrade

Во рамки на проектот Green ICT Development - GIVE  ќе се одржи четвртиот Б2Б настан на тема: „Дигитална иднина на автомобилската индустрија“ на 19-20 јуни 2019 година во Научно - Технолошкиот парк во Белград, Србија.
Главна цел на проектот GIVE е да се оствари соработка и со цел креирање на нови производи и услуги помеѓу ИКТ, автомобилскиот и Green-Tech сектор. На настанот покрај компании од Србија ќе присуствуваат компании и бизнис организации од: Албанија, Бугарија, Романија, Латвија, Србија, Хрватска и останати земји од регионот и Европа.
Вториот ден ќе биде главен ден на настанот кој ќе биде наменет за презентација на проектот, keynote говорници, презентациите од компаниите и Б2Б средбите ќе бидат организирани за време на 20 јуни.

Сите заинтересирани можат да го пријават своето учество и да побараат Б2Б состаноци со останати компании на следната Б2Б онлајн платформа за настанот.

На онлајн платформата наскоро ќе биде објавена и целосната агенда за настанот.

Доколку сте заинтересирани да учествувате со своја презентација поврзана со темата на настанот ве молиме пријавете се до This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 10 јуни 2019 година.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1