Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Законски прописи како можност и предизвик за формирање на старт ап компанија

 

 

Start_ups

На 03.07.2019 во 11:00 ве покануваме на настан на тема „Законските прописи како можност и предизвик за формирање на Старт ап компанија”, во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитет ,,Св. Климент Охридски", во Битола (ул. Студентска ББ, во училница број 2).

На настанот ќе бидат покриени следните теми: старт ап еко систем, законска рамка која се однесува на старт ап заедницата и можности за нејзино подобрување, искуства при лансирање на старт ап акцелераторот, проширување на старт ап компаниите на домашни и странски пазари, споредба со регулативата во другите земји, предизвиците на стартапите во развојниот животен циклус, а ќе биде направена и споредба помеѓу домашен и странски претприемач.

Целта на настанот е да ја доближи правната регулатива до компаниите, а компаниите ќе имаат можност преку дискусија да ги изразат своите проблеми и предлози за подобрување на регулативата. По настанот, проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива ќе ги сублимира предлозите добиени од бизнис заедницата и ќе ги достави до надлежните институции.

Настанот се одржува во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој е спроведуван од страна на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар интернационал.

Вашето присуство потврдете го на следниот линк, најдоцна до вторник, 02.07.2019. Присуството на настанот е бесплатно.

Поканата и агендата се достапни на следниот линк.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

kon_masit_19