Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ОБЈАВА ЗА ОГЛАС ЗА ПРАКТИКАНТ

MASIT_praktikant_kiko

МАСИТ има потреба од Практикант кој ќе биде ангажиран согласно Законот за Практиканство.

Потребни Квалификации:
ВСС, Економски факултет (со и без работно искуство во дејноста)

Вештини и способности:
Способност за самостојна и тимска работа
Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
Способност за континуирано стручно усовршување и професионален развој
Одлично познавање на англиски јазик
Одлично познавање на Microsoft Word, Excel
Менаџирање на социјални медиуми (познавање на алатка за графички дизајн ќе се смета за предност)
Способност за одржување на веб страна (веб администрација)
Точност, прецизност, дисциплинираност и одлични комуникациски вештини и подготовка на емаил и дописи
Развивање и одржување на односи со компании членки, потенцијални членки и комуникација со соработници
Флексибилност за работа на терен 

Основни одговорности кои следуваат со позицијата, со обезбедено менторство за спроведување на сите задачи:
Дистрибуција на информации до компаниите членки на МАСИТ, соработниците медиумите, институциите и другите засегнати страни
Подготовка на неделен информатор за сите информации кои е потребно да бидат пренесени до членството на МАСИТ
Подготовка на 3 месечен е-информатор на MailChimp
Подготовка на кампања и креатива за одржување на социјални медиуми
Одржување на веб страна на МАСИТ
Одржување на базата на податоци на членовите на МАСИТ
Техничка поддршка во организирање на настани, работилници, тренинзи и состаноци во организација на МАСИТ
Достава на дописи до пошта и институции
Врши други сродни работи за поддршка на работата на Извршната канцеларија

Времетраење на работната пракса:
3 месеци со 8 часовно работно време
Надоместок:
5.500 денари месечно

Сите заинтересирани потребно е да испратат свое CV до This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 09.08.2019, до крај на работниот ден.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

kon_masit_19