Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МЛАДИХАБ – Дигитална младина

MladiHUB_1.2

По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, МАСИТ со особена чест ја најавува промоцијата на проектот “МЛАДИХАБ – Дигитална
младина”

MLADIHUB е новиот проект на Националниот младински совет на Македонија кој има цел развој и унапредување на дигиталните вештини кај младите од 15-29 години во размена за општокорисна работа. Во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технолгии – МАСИТ,  програмата на MLADIHUB центарот  ќе цели за премостување на јазот помеѓу потребите за дигитални вештини, јавниот сектор и потенцијалот на младите  во нашата земја.    Во зависност од нивните вештини, интереси и потреби во општините каде што живеат, младите ќе треба да учествуваат во различни општокорисни активности и со тој начин ќе се здобијат со ваучер за учество и следење на обуките. Во моментов се спроведуваат два  вида на истражувања меѓу кои  истражувањето за барањата на пазарот за дигитални вештини и врз основа на добиените податоци ќе се дизајнираат и програмите од страна на НМСМ и МАСИТ. Од друга страна пак,  од податоците добиени од  истражувањето  за потребите за општокорисна работа ќе се разгледаат можностите за спроведување на програма   каде младите ќе можат да учествуваат во активности за позитивен придонес во општеството.

Повеќе детали и информации околу програмата, времетрањето на обуките и начинот на аплицирање ќе бидат објавени наскоро на сите канали за комуникација на НМСМ, MLADIHUB и МАСИТ.

Овој проект е подржан од Британската амбасада воСкопје и Фондот за добро владеење УКАИД,  имплементиран од стана на НМСМ и МАСИТ со поддршка на Претседателот на Република Северна Македонија

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1