Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ заедно со КБ Прво пензиско друштво организира информативна средба

 


KB

Во насока на постојано инвестирање во вработените, МАСИТ заедно со КБ Прво пензиско друштво организира информативна средба која ќе се одржи на 13.09.2019 година со почеток во 13:00 часот во хотел Мериот на тема: Како до посреќни вработени во ИКТ компаниите?

На настанот ќе бидат презентирани придобивките од уплатите во доброволен пензиски фонд со конкретни пресметки на финансиските бенефити за вработените како и ослободувањата од даноци и придонеси за работодавачите.

Инструмент кој значи штедење, вложување за иднината и одличен модел за наградување на вработените.

Како комплементарна тема, од страна на експерт на КБ Прво пензиско друштво ќе бидат дадени препораки за тоа каде вработените во ИКТ секторот можат да прават дополнителни вложувања, штедења и инвестирања. Во прилог ви ја доставувам агендата за настанот.

Присуството на настанот е бесплатно со задолжителна регистрација на следната Google форма.

Ве молиме имајте во предвид дека бројот на присутни е ограничен.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

kon_masit_19