Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Форум на тема „Бизнис клима за ИКТ индустријата – Како да се стимулира растот на работната сила во ИКТ?” - Скопје

 

 

 

Forum_MASIT

Форумот на тема „Бизнис клима за ИКТ индустријата – Како да се стимулира растот на работната сила во ИКТ?”, кој ќе се одржи во четврток, 19.09.2019, во 11:00 часот, во хотел Stone Bridge, Скопје.

На настанот ќе бидат покриени следните теми:  Фискални давачки: социјални придонеси и даноци поврзани со работната сила во ИКТ компаниите; можностите и потенцијалите од проширување на палетата на трошоци кои се даночно признати а се однесуваат за подобрување на условите за работа, благосостојбата и вештините на вработените; воспоставување на рамки во кои би се движеле максималните основици за пресметка на придонеси кај работните места за кои домашните работодавачи не се доволно атрактивни; Регулатива за работни односи: Либерализација на Законот за работните односи со цел воведување на функционална легислатива која ќе соодветствува со потребите на ИКТ секторот; Образование: даночни поволности за инвестиции во образование, даночни олеснувања за донации во образование, унапредување на високото образование од техничките науки (во насока на раширување на квотите за уписи на технички факултети, раширувањето на академскиот кадар) и соодветно препознавање и поддршка на неформалните образовни установи кои генерираат ИКТ кадри.

Целта на форумот е да се дискутира за предлог иницијативи и предлози за унапредување на правната регулатива кои би придонеле до создавање на подобра бизнис клима за ИКТ индустријата. По настанот, проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, поддржан од УСАИД, ќе ги сублимира предлозите добиени од бизнис заедницата и ќе ги достави до надлежните институции.

Настанот се одржува во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој е спроведуван од страна на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар интернационал.

Вашето присуство потврдете го на следниот линк, најдоцна до среда, 18.09.2019. Присуството на настанот е бесплатно.

Агендата може да ја погледнете на следниот линк.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

kon_masit_19