Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Форум: Бизнис клима за ИКТ индустрија - Како да се стимулира растот на работната сила во ИКТ?

 

 

Forum_1_19.09

На 19 септември 2019 година, во Скопје, Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа Форум за стимулирање на растот на работната сила во ИКТ индустријата. Целта на настанот беше да се презентираат и дискутираат тековните предизвици поврзани со деловната клима за ИКТ секторот и да се идентификуваат потенцијалните мерки во областа на социјалните придонеси, даноците, работната сила и образованието што ќе го стимулираат растот на работната сила во ИКТ.

Forum_2_19.09

„МАСИТ активно ги следи сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат ИКТ компаниите во нивното секојдневно работење. Овој настан е организиран како одговор на потребите на компаниите за понатамошно подобрување на деловната клима за ИКТ секторот и за стимулирање на растот на работната сила во ИКТ. Се надеваме дека овој настан ќе ги потенцира најважните предизвици со кои се соочуваат ИКТ компаниите и ќе придонесе за создавање на конкретни предложени мерки за подобрување на деловната клима за ИКТ компаниите преку поддршка на растот на ИКТ работната сила “, истакна г-ѓа Билјана Прличкова, оперативен директор на МАСИТ.

Forum_3_19.09

Forum_7_19.09

Проектот презеде активна улога во поддршка на ИКТ секторот преку застапување на повеќе важни предлози:

Стимулирање на инвестиции во работната сила:

- даночни признавање на направени трошоци во подобрување на работните услови (спорт и рекреација, team-building, одмор, здравствени прегледи, грижа за деца и сл.)

- дополнителни даночни ослободувања за трошоци за едукација

- даночни поттикнувања за донации во образование (по примерот на донациите во спортот) за стимулирање на вложувања во преквалификација и доквалификација на работната сила 

Ограничување на максимална основица за придонеси:

- 90.000 бруто 50% повисока од просечно исплатената во ИКТ индустријата во 2018 година

Работни односи дефинирани по мерка на ИКТ индустријата:

- работа надвор од просториите на работодавачот

- флексибилност за мерење/исплата по учинок

- електронска комуникација работодавач/работник

Forum_4_19.09

Форумот овозможи голем број на претставници на приватниот сектор да ги дадат своите забелешки, да ги објаснат своите предизвици, како и да дадат придонес за подобри решенија кои ќе бидат застапувани преку јавно-приватниот дијалог. Имено, се разговараше и за можностите за инвестиции во ИКТ образованието што ќе одговара на потребите на приватниот сектор за квалитетна работна сила, зголемување на бројот на студенти на техничките факултети, вложувања во едукативен кадар и поддршка на капацитетите за неформално образование кои придонесуваат во создавање на ИКТ професионалци.

Затоа потребен е системски пристап, заклучија учесниците на Форумот, со промена на повеќе закони од областа на работните односи и даноците, со цел да се овозможи континуиран раст на ИКТ секторот како еден од најважните во домашната економија кој придонесува со отворање на нови работни места, високи примања и извоз на услуги и производи.

Forum_5_19.09

Во наредниот период, Проектот ќе работи на дефинирање и решавање на предлозите што произлегоа од овој настан.  Во исто време Проектот ќе работи на конструктивни решенија предложени како резултат на механизмите за јавно-приватен дијалог поддржани преку Проектот  Партнерство за подобра бизнис регулатива. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанската комора на Македонија; Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ; Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Преку активно учество во спроведувањето на овој проект, коморите ќе го градат својот капацитет за подобро да им служат на малите и средните претпријатија.

ЛИНК ДО ПРЕЗЕНТАЦИИ

ЛИНК ДО ФОТОГРАФИИ

Forum_6_19.09


Денес, 19 септември 2019 година, воСкопје, ПроектотнаУСАИД- ПартнерствозаподобрабизнисрегулативаодржаФорумзастимулирање нарастотнаработнатасилавоИКТ индустријата.ЦелтананастанотбешедасепрезентираатидискутирааттековнитепредизвициповрзанисоделовнатаклимазаИКТсекторотидасеидентификуваатпотенцијалнитемеркивообластанасоцијалнитепридонеси, даноците, работнатасилаиобразованиетоштоќегостимулираатрастотнаработнатасилавоИКТ.

 

МАСИТактивноги следиситепроблемиипредизвицисокоисесоочуваатИКТкомпаниитевонивнотосекојдневноработење. ОвојнастанеорганизиранкакоодговорнапотребитенакомпаниитезапонатамошноподобрувањенаделовнатаклимазаИКТсекторотизастимулирањенарастотнаработнатасилавоИКТ. СенадевамедекаовојнастанќегипотенциранајважнитепредизвицисокоисесоочуваатИКТкомпаниитеиќепридонесезасоздавањенаконкретнипредложенимеркизаподобрувањенаделовнатаклимазаИКТкомпаниитепрекуподдршканарастотнаИКТработнатасила “, истакнаг-ѓаБилјанаПрличкова, оперативендиректорнаМАСИТ.

 

ПроектотпрезедеактивнаулогавоподдршканаИКТсекторотпрекузастапувањенаповеќеважнибарањасодржанивопозиционидокументизабенефициизавработенитеприштотрошоцитенакомпаниитеќебидатпризнатикакорасходи. Потребноеинаоѓањенарешениезабарањатазапризнавањенаработаоддомабазиранонаквалитетиобемнаизвршенаработа, идефинирањенаработабезогледнабројотнаработничасови.

 

Форумотовозможиголембројнапретставницинаприватниотсектордагидадатсвоитезабелешки, дагиобјаснатсвоитепредизвици, какоидададатпридонесзаподобрирешенијакоиќебидатзастапуванипрекујавно-приватниотдијалог. Имено, серазговарашеизаможноститезаинвестициивоИКТобразованиетоштоќеодговаранапотребитенаприватниотсекторзаквалитетнаработнасила, зголемувањенабројотнастудентинатехничкитефакултети, вложувањавоедукативенкадариподдршканакапацитетитезанеформалнообразованиекоипридонесуваатвосоздавањенаИКТпрофесионалци.

 

Затоапотребенесистемскипристап, заклучијаучесницитенаФорумот, сопроменанаповеќезакониодобластанаработнитеодносииданоците, соцелдасеовозможиконтинуиранрастнаИКТсектороткакоеденоднајважнитеводомашнатаекономијакојпридонесувасоотворањенановиработниместа, високипримањаиизвознауслугиипроизводи.

 

Вонаредниотпериод, Проектотќеработинадефинирањеирешавањенапредлозитештопроизлегоаодовојнастан.  Во истовремеПроектотќеработинаконструктивнирешенијапредложеникакорезултатнамеханизмитезајавно-приватен дијалогподдржанипрекуПроектот  Партнерствозаподобрабизнисрегулатива. СитепроектниактивностигиспроведуваЕПИЦЕНТАРИнтернационаличетиритеклучнипартнери: СтопанскатакоморанаМакедонија; Стопанскатакомораза информатички и комуникациски технологии - МАСИТ; СтопанскатакоморанасеверозападнаМакедонијаиСојузотнастопанскикоморинаМакедонија. Прекуактивноучествовоспроведувањетонаовојпроект, коморитеќегоградатсвојоткапацитетзаподобродаимслужатнамалите и средните претпријатија.

Normal 0 false false false MK X-NONE X-NONE /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:"Table Normal"; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-priority:99; mso-style-parent:""; mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt; mso-para-margin-top:0in; mso-para-margin-right:0in; mso-para-margin-bottom:8.0pt; mso-para-margin-left:0in; line-height:107%; mso-pagination:widow-orphan; font-size:11.0pt; font-family:"Calibri",sans-serif; mso-ascii-font-family:Calibri; mso-ascii-theme-font:minor-latin; mso-hansi-font-family:Calibri; mso-hansi-theme-font:minor-latin; mso-bidi-font-family:"Times New Roman"; mso-bidi-theme-font:minor-bidi; mso-fareast-language:EN-US;}

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

kon_masit_19