Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Свечено отворање на центарот “МЛАДИХАБ – Дигитална младина” во Претседателската канцеларија на Република Северна Македонија

 

 

 

Pokana_-_one_pager

Со особена чест Ве покануваме на свеченото отворање на центарот “МЛАДИХАБ – Дигитална младина” во Претседателската канцеларија на Република Северна Македонија на 8ми Октомври 2019 во 11:00ч на (ул. Димитирие Чуповски бр 7). Овој проект е финансиран од Британска амбасада, Фондот за добро владеење УКАИД, имплементиран од страна на МАСИТ и Национален младински совет на Македонија - НМСМ / NYCM / KRNM, со поддршка на Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија. Настанот ќе биде отворен со панел дискусија на тема: “Дигиталните вештини – трансформација на општеството” на која ќе учествуваат: Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски, амбасадорката на Велика Британија во Скопје нејзината екселенција г-а Рејчел Головеј, претседателката на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ г-ѓа Анета Антова Пешева и генералниот секретар на НМСМ г-а Гордана Колова. Воедно, Ве информираме за целата агенда во текот на денот која ќе се одвива во центарот МЛАДИХАБ:
• 11:00 – 12:30 Панел дискусија на тема: “Дигиталните вештини – трансформација на општеството” 
• 13:00 - 18:00 Инфо средби, цртање мурали со млади уметници и креативни работилници
• 18:00 - 19:30 Коктел и неформална дружба со сите претставници и учесници на проектот
Повеќе слики и информации во врска со настанот ќе бидат соопштени наскоро.

 

 

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

kon_masit_19