Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Најава на шестиот Б2Б настан во рамки на проектот GIVE, во Клуж, Романија

 


Cluj_-_Romania_One_Pager

Во рамки на проектот Green ICT Development - GIVE  ќе се одржи шестиот Б2Б настан на тема: „Обликување попаметна и позелена иднина“ на 30-31 октомври 2019 година во Cluj HUB, Клуж, Романија.

Главна цел на проектот GIVE е да се оствари соработка помеѓу компаниите, со цел креирање на нови производи и услуги помеѓу ИКТ, автомобилскиот и Green-Tech секторот. На настанот ќе присуствуваат компании и бизнис организации од: Албанија, Бугарија, Романија, Латвија, Србија и останати земји од регионот и Европа.

Во моментов е отворен повик за компаниите членки на партнерите во проектот да земат учество на настанот со своја презентација на производи, услуги и проекти во рамки на трите наведени сектори.

За таа цел ги повикуваме сите компании кои имаат интерес да се пријават со своја презентација на настанот да се пријават до  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , најдоцна до 20.10.2019 година.

Покрај презентации од компаниите, на настанот ќе имате можност да одржите Б2Б средби со останати компании и организации кои доаѓаат од трите сектори.

Доколку сте заинтересирани за присуство, ве молам пријавете се на регистрациската форма - http://shapingasmartergreenerfuture.talkb2b.net/, а воедно информирајте не и нас. Доколку ви се потребни дополнителни информации слободно контактирајте не.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

kon_masit_19