Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

“GIVE” Going International, 28.11.2019, Скопје

Conference_-_Skopje_-_12_2019_-_FB_banner_final_003

Во рамки на проектот Green ICT Development - GIVE  на 28 ноември 2019, во хотел Alexandar II, Скопје, ќе се одржи финалната конференција на тема: “GIVE” Going International.

На настанот ќе бидат претставени досегашните активности спроведени во рамки на проектот, како и идните планови. Покрај тоа, партнерите во овој проект ќе ја презентираат Стратегијата за интернационализација која е резултат на двегодишен процес спроведен од страна на проектниот конзорциум. Стратегијата е насочена кон поддршка на малите и средните претпријатија за проширување на нивниот бизнис во следните земји: Кина, Египет и Тајван. На настанот учество ќе земат и експерти на темата како и претставници компании кои ќе го пренесат своето искуство од работењето на овие пазари. На настанот ќе присуствуваат организации и компании кои доаѓаат од трите сектори: автомобилски, ИКТ и паметни зелени технологии од следните земји: Албанија, Бугарија, Романија, Латвија, Србија и останати земји од регионот и Европа.

Во моментов е отворен повик за компаниите да земат учество на настанот и да бидат дел од панел дискусиите каде ќе ги пренесат своите искуства поврзани со работење на некој од наведените пазари (Кина, Египет и / или Тајван). За таа цел ги повикуваме сите компании кои имаат интерес да бидат дел од панел дискусиите на настанот да се пријават до This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 22.11.2019 година.

Во продолжение можете да ја погледнете агендата за настанот.
Присуството на настанот е бесплатно со задолжителна регистрација на следната онлајн форма.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

kon_masit_19