Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ И ДРЖАВНИОТ СТУДЕНТСКИ ДОМ ,,СКОПЈЕ’’ ЌЕ СОРАБОТУВААТ СО ЦЕЛ ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА СТУДЕНТИТЕ

 

 

78464903_3819157701435129_2932812735831867392_o

Денес (06.12.2019) Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Државен студентски дом „Скопје“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка во временска рамка од три години со цел унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности на институциите, а во корист на остварување на интересите и потребите на студентите кои престојуваат во домовите.

_

Меморандумот опфаќа работи од заеднички интерес, базирани на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови на двете страни во полза на студентите и е во рамки на следните активности:

- збогатување на квалитетот на животот на студентите, со вложување за остварување на подобар студентски стандард.

- поврзување на бизнис заедницата со тековните проблеми од делокругот на работа на ДСД Скопје и иницирање на донаторски процедури, поврзани со збогатување на културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности на студентите.

- МАСИТ ќе овозможи поддршка на ДСД Скопје во насока на вмрежување на студентите преку своите проектни активности за дигитално описменување, со цел остварување на интересите и потребите на студентите кои студираат надвор од местото на живеење.

- ќе ја подржуваат организацијата на научни собири и ќе работат на отварање на можности за заеднички проекти.

aaaaaaaaa

Како прва значајна активност во рамките на овој Меморандум за соработка е голема донаторска акција која МАСИТ и членките на комората ја организираат преку новогодишната забава, а тоа е донација на компјутерска и канцелариска опрема на студентскиот дом.



 

 

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

kon_masit_19