Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Повик за дигитална трансформација и експертска помош

MASIT_Logo_MK 

МАСИТ- Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии објавува Повик за компании за поддршка за креирање на стратегија за дигитална трансформација. Оваа активност е во рамки на проектот Поддршка за дигитална трансформација во мали и средни претпријатија (МСПа)” финансиран од страна на Министерството за економија, а имплементиран од МАСИТ, во период од јануари 2020 до март 2020.

Компаниите кои ќе бидат избрани преку овој повик ќе добијат поддршка од експерт од ИКТ секторот со кој заеднички ќе работат со цел да ги проверат потребите и потенцијалот од дигиталната трансформација врз основа на што ќе се креира стратегија на компанијата за дигитална трансформација.

Повикот е отворен за максимум 15 компании кои се заинтересирани да воведат дигитална трансформација, кои треба да ги исполнуваат следниве критериуми со цел да бидат подобни за аплицирање:

  • Компанијата да има минимум 3-ца вработени
  • Компанијата да постои минимум 1 година
  • Компанијата да нема поголем обрт од 1.000.000,00 евра годишно

 

Секоја заинтересирана компанија за вклучување во проектов, е потребно да достави до МАСИТ пополнет формулар за аплицирање (подолу) и Тековна состојба. Рокот за аплицирање е продолжен до четврток 23.01.2020 година, со изразување на интерес на следната мејл адреса   This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Ги охрабруваме сите МСПа во државава кои се подготвени да направат промени во своето работење и дигитално да се трансформираат, да се пријават на повикот во најкраток можен рок.

Напомена: Овој проект нема да резултира со набавка на било каков тип на ИКТ решение. Предност ќе имаат компании што немаат воведено дигитални решенија во своето работење, но се спремни да инвестираат во дигитална трансформација.

Како со дигитална трансформација можете да му помогнете на вашиот бизнис: Дигиталната трансформација целосно го менува начинот на кој функционира бизнисот и претставува неопходен процес особено за МСПа, кој ќе придонесе за развој и понуда на подобри и поиновативни производи на пазарот. Со дигиталната трансформација, во компаниите се намалуваат трошоците и компаниите стануваат поефикасни и поефективни, а сето тоа резултира со зголемување на нивната конкурентност не само на националниот пазар туку и пошироко. Можностите кои ги нуди процесот на дигитална трансформација се бескрајни, особено за компаниите кои доаѓаат од вертикалните сектори (туризам, земјоделие, текстил, автомобилска индустрија, управување со отпад, обновливи извори на енергија, итн.) кои имаат најголем потенцијал и бенефит од воведувањето на дигитални процеси и системи во работењето, како и креирање на нови дигитални услуги и производи за клиентите.

Формулар за пријава

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

kon_masit_19