Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ИКТ заедницата во Македонија уште еднаш докажа дека е една од најпрогресивните и најхуманите гранки

 


Традиционално, секоја година МАСИТ организира новогодишна забава за своите членки, партнери и соработници, чија масовност и содржина од година во година расте.

Оваа година, забавата обедини повеќе од 300 гости од ИКТ секторот, граѓанскиот сектор, образованието, медиумите и владата, овозможувајќи простор за сумирање на промените кои ги донесе 2018тата година и планирање на целите за 2019-та.

uUPcBQ69H6-ikt-zaednicata-vo-makedonija-uste-ednas-dokaza-deka-e-edna-od-najprogresivnite-i-najhumanite-granki

Неслучајно, а веќе и докажано, ИКТ заедницата како една од најпрогресивните во македонското општество креирајќи позитивни економски промени, но се позиционира и како носител на социјални и хумани проекти, активно вклучувајќи се во каузи кои допираат до најранливите групи. Па така и на оваа новогодишна забава, темата која доминираше и го обои настанот во вистинска новогодишна атмосфера беше хуманоста.

NOpRQOVyml-ikt-zaednicata-vo-makedonija-uste-ednas-dokaza-deka-e-edna-od-najprogresivnite-i-najhumanite-granki

Имено, МАСИТ во соработка со Црвениот Крст на Македонија организираше донација на топли зимски парчиња облека за згрижените семејства во центарот за бездомни лица во с. Чичино, Скопје. Парчињата облека беа донирани од гостите во огромни количини и беа доставени преку екипите на Црвениот Крст во центарот во с. Чичино. На овој начин и оваа МАСИТ новогодишна забава тематски обедини се’ што МАСИТ во моментов преставува: комора за ИКТ индустрија, развојни проекти и хумани каузи.

ФОГРАФИИ ОД ЗАБАВАТА

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

traicon_1