Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ одржа средба со Н.Е. Амбасадорката на САД , Кејт Мари Брнз

masit-usa

Вчера, 04.12.2019, во просториите на МАСИТ, управата и оперативниот тим на комората одржаа средба со Н.Е. Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.
На средбата, беа презентирани информации кои се од приоритетно значење за македонската економија и индустрискиот раст, како и за регионалната соработка во рамки на која МАСИТ е многу активна.
Дополнително, од страна на МАСИТ, беа презентирани предлог даночните реформи во полза на зголемување на високо квалификуваната сила вработена во ИКТ секторот.

masit-usa-2ka

Рапидниот раст на извозот на ИКТ услуги, измерен во последните три години, посебно во последните два квартали, е уште поконкретна основа за планирање и стимулирање на воведување на позначителни владини мерки во иднина, преку адаптирање на постоечките политики.

Со оглед на фактот дека прогресивниот раст на ИКТ индустријата е целосно органски, залагањата на МАСИТ се силно насочени кон даночни реформи, преку кои ќе се мултиплицира ефектот на растот во правец на негово зголемување и дополнително влијание врз економската состојба во земјата, како и подобрување на националниот БДП. Овие две мисии на МАСИТ за 2020 години, со поткрепена анализа и истражување на состојбите, на средбата ги истакна Претседателката на УО на МАСИТ, Анета Антова Пешева. Пешева изрази и потреба од приоритетно фокусирање на алармантните миграции на ИТ експертите од земјава, проблем кој може да предизвика и домино ефект во останатите економски сектори.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

kon_masit_19