Ве информираме дека во октомври 2016, МАСИТ започна да работи на проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива, заедно со Стопанска комора на Македонија и Стопанска комора на северозападна Македонија како партнери и консултантската куќа ЕПИ Центар Интернационал како главен имплементатор на проектот. Проектот е предвидено да трае четири години, односно до септември 2020.
Двете главни цели на проектот се:
Цел 1: Микро и малите бизниси од Македонија да ја подобрат нивната усогласеност со законските барања.
Цел 2: Бизнис организациите да воспостават конструктивен дијалог за подобрување на регулативата.
Краткорочно влијание:
Долгорочно влијание:
Главни бизнис сектори кон кои е фокусиран овој проект се земјоделие, текстил, градежништво, ИТ и туризам.
Корисници:
Активности на проектот:
A1: Ваучерска шема, Инфо сесии, Тренинзи за внатрешни и надворешни советници.
A2: Креирање на агрегатен портал со информации за бизнис регулативата.
A3: Организација на форуми за зголемување на свесноста и усогласеноста.
со правните и финансиски регулативи.
A4: Креирање на “Листи за самоконтрола” и водичи и брошури за усогласеност со законска регулатива.
A5: Подобрување на вештините и способностите на вработените во Коморите со цел поддршка на компаниите за усогласеност со регулативите.
A6: Воспоставување соработка и користење на добри практики во коморско работење од ЕУ.
A7: Промовирање на одржлива и независна платформа за пренесување на потребите на бизнис заедницата кон креаторите на политики.
A8: Развивање на капацитети за застапување и лобирање на имплементациските партнери.
A9: Развој на Позициски документи идентификувани преку таргетираните секторски групи.
A10: Промоција на ЕНЕР.