Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ Е-информатор, февруари - април 2019

240158cf-623f-4896-a1ca-026337f230b5

АКТИВНОСТИ


Истражување: Oцена на бизнис средината во Северна Македонија во 2018
12 февруари 2019

f7303b12-edca-4a0d-bf51-2db7aa00d3c6

Истражувањето за оцената на бизнис средината во Македонија е направено во периодот 24.10 – 19.11 2018 година. Генералната цел на истражувањето е да се следи перцепцијата на бизнис секторот од аспект на моменталната бизнис регулативата во Република Македонија. Добиените резултати треба да им помогнат на стопанските комори и останатите креатори на стратешките државни политики за подобро разбирање на моменталната ситуација во бизнис секторот во Македонија, особено во делот на најчестите предизвици со коишто секојдневно се соочуваат компаниите при извршување на своите активности. Извештајот беше презентиран пред релевантни институции на 12.02.2019 година. Повеќе информации


 Вториот Б2Б настан во рамките на GIVE проектот беше одржан во Тирана, Албанија 21-22 февруари 2019

04cbc48c-7635-4b42-b22e-8f2cdfd90d39

Вториот Б2Б настан во рамките на Green ICT Development (GIVE) проектот беше одржан во Protik ICT Center во Тирана, Албанија на 21-22.02.2019-та година. Настанот беше организиран од страна на AITA (Albanian ICT Association) каде повеќе од 40 луѓе: партнери во проектот, претставници на организации и компании од ИКТ секторот, автомобилскиот и green tech секторот кои доаѓаат од 6 различни држави присуствуваа на настанот. Главната цел на настанот беше вмрежување на национално и регионално ниво помеѓу компаниите. Повеќе информации


Интервју на Г-дин Миро Крстевски за biznisregulativa.mk
1 март 2019

c25c3913-3610-44a3-a018-f7e23d7a3860

Г-динот Миро Крстевски, директор на ДДС компјутери и претставник на МАСИТ во Советодавното тело за царина во Царинската управа зборуваше за спроведување на новиот Закон за јавни набавки во интервју за порталот biznisregulativa.mk. Интервјуто е достапно во целост на наведениот линк. Повеќе информации


Стартуваше тримесечната програма на МАСИТ за преквалификација на кадар
6 март 2019

3d2704e9-395f-4979-a0f3-6ad3188cb152

Стартуваше 12-неделната програма на МАСИТ со поддршка на РЕГ проектот на УСАИД, за преквалификација на 40 млади луѓе кои добија можност да се стекнат со ИКТ знаења и вештини и практично искуство. Обуката ќе ја реализира Brainster, компанија специјализирана за едукација во областа на информатичко-комуникацски технологии и дигитални вештини. Повеќе информации


Информативен настан на тема „Заштита на лични податоци“ во Битола
6 март 2019

ffd53a40-f675-46d3-9aef-4c0ebe236e40

Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој се спроведува во партнерство со четирите најактивни стопански комори во земјата (Стопанска комора на Македонија, МАСИТ, Стопанска комора на северо-западна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија), одржа информативниот настан на тема „Заштитата на личните податоци како едно од приоритетните прашања во функционирањето на бизнис секторот”. Повеќе информации


Информативен настан на тема „Заштита на лични податоци“ во Скопје
7 март 2019

3adec6c8-41aa-4b6b-99ea-e75d5d37c6ff

Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој се спроведува во партнерство со четирите најактивни стопански комори во земјата (Стопанска комора на Македонија, МАСИТ, Стопанска комора на северо-западна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија), одржа информативниот настан на тема „Заштитата на личните податоци како едно од приоритетните прашања во функционирањето на бизнис секторот”. На инфо-сесијата во Скопје на 07.03.2019 година се отвори темата за сензибилноста на заштитата на личните податоци и директното влијание на секоја компанија, како и поединечно на секој вработен кој располага со податоци, заштитени со закон. Повеќе информации


МАСИТ и Стопанска комора на Северозападна Македонија потпишаа Меморандум за соработка
21 март 2019

01c06981-e1f3-4a75-a14c-74a48233c1c1

Извршните директори на МАСИТ и на Стопанската комора на Северозападна Македонија, г-ѓа Анита Никова Бундовски и г-дин Дриљон Исени денеска потпишаа Меморандум за соработка. Долгогодишната плодна соработка меѓу двете стопански комори сега се формализира со цел истата да зајакне и да се развива во насока на идно интензивирање. Крајната цел е посилно да се слушне гласот на бизнисот и активно да се делува во насока на креирање поповолна клима за водење и стартување бизнис во Република Северна Македонија. Повеќе информации


Изјава на г-ѓа Анита Никова Бундовски за можностите кои ги нуди ИКТ секторот
26 март 2019

a9328e86-75f0-4c96-910f-c076863c535e

Извршниот директор на МАСИТ, г-ѓа Анита Никова даде кратка изјава за Сител Телевизија за ИКТ секторот и можностите кои истиот ги нуди на младите во државата. На наведениот линк може да ја погледнете изјавата во целост. Повеќе информации


Одржано 13-то Годишно Изборно Собрание на МАСИТ
28 март 2019

36b39b40-80fb-4d8f-ae49-3f2058936efa

На 28.03.2019 се одржа 13-то редовно Изборно Собрание на МАСИТ на кое беа избрани нови членови на органите на управување. Нов претседател на Управниот одбор е г-ѓа Анета Антова Пешева од компанијата „Ултра“, a заменик претседател на Управниот одбор е г-н Илија Господинов од компанијата Ендава. Повеќе информации


Извршниот директор на МАСИТ, г-ѓа Анита Никова беше говорник во првата онлајн конференција по повод #WorldBackUp
29 март 2019

42a42b3b-3a9c-4ca5-b586-26ae112759ce

Извршниот директор на МАСИТ, г-ѓа Анита Никова беше говорник во првата онлајн конференција по повод #WorldBackUp, која говореше на тема: Бекапирање како активност – трошок или инвестиција? Целосната онлајн конференција можете да ја погледнете на наведениот линк. Повеќе информации


Претставници на МАСИТ учестуваа во делегациска посета на Израел 
31март - 06 април 2019

b13eeb0f-72a7-49da-8a96-a5b5797fa86d

Г-ѓа Александра Чаврадевска од извршната канцеларија на МАСИТ и г-дин Владимир Робевски, член на Управниот одбор на МАСИТ беа дел од македонска делегација за иновации која ги посети старт ап компаниите во Израел. Делегацијата беше предводена од Амбасадорот на Израел во Северна Македонија, г-дин Dan Oryan, кој го претстави Старт ап проектот во рамки на USAID BEP проектот во Израел.


Одржана работилница на тема: ИКТ компании во фаза на развој
3 април 2019

e5c10404-5af5-40b0-aa85-86a24d1375b9

МАСИТ во соработка со CEED Macedonia органзираше работилница на тема: ИКТ компании во фаза на развој во просториите на CEED Hub во Скопје. На работилницата г-ѓа Trisha Degg, Потпретседател на талент програмата и оперативни работи во Illinois Technology Association зборуваше за управување со таленти, регрутирање и задржување на вработените, подобрување на корпоративната култура, професионален развој за вработените и разбирање на нивните потреби во ИКТ компaниите. Додека пак од страна на г-ѓа Caitlin McAllister, Извршен директор на Catapult Chicago беше претставен моделот на Catapult Chicago на тема: Soft landing of tech companies in US market. 


Претседателот на Собрание на МАСИТ учествуваше во панел сесија на вториот Дигитален Самит
5 април 2019

0acae8e4-ccd0-45a5-b469-3329d4e714a6

Г-дин Горан Попоски, Претседател на Собрание на МАСИТ учестуваше во панел сесија посветена на кластери на вториот Дигитален Самит за земјите од Западен Балкан одржан во Белград, Србија. Во рамки на панел сесијата главни точки на дискусија беа суштинскиот регионален пристап, важноста на Балканот во политичката и социоекономската област и релевантноста на дигитализацијата.


Барање на компаниите за измени во Законот за финансиска поддршка
8 април 2019

40666d95-6a6e-4287-ad5e-47ed64ea3caf

По одржаната инфо-сесија за подобрување и измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, а по изнесување на ставовите на претставници на приватниот сектор, четирите најголеми комори излегоа со заеднички позиционен документ. Ставовите ги истакнаа компании кои биле дел од програмите за финансиска поддршка во изминатата година, како и компании кои се заинтересирани да аплицираат годинава. Позициониот документ е доставен до надлежниот орган со цел подобрување на самиот закон, како и на подзаконските акти и правилници, со што би се зајакнала конкурентноста, би се зголемил опфатот на компаниите и квалитетот на услугите и производите. Инфо сесијата беше одржана во рамките на проектот УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива. Повеќе информации


Извршенот директор на МАСИТ присуствуваше на работен појадок со Словенечки компании
11 април 2019

80220a3f-7171-4eff-8dc2-474e96b031f0

Г-ѓа Анита Никова, Извршен директор на МАСИТ присуствуваше на работен појадок со Словенечки компании кои работат во Р. С. Македонија, организиран од амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. г-дин Милан Јазбец. На средбата беа дискутирани новите можности за аплицирање на ИКТ компаниите во рамки на новиот закон за поддршка на инвестиции како и продлабочување на соработката со Република Словенија во очи на престојниот бизнис форум закажан на 28.05.2019 година во Љубљана, во склоп на кој е предвидено учество и на македонската владина делегација.


Заменик претседателот на Управен одбор на МАСИТ во интервју за biznisregulativa.mk
12 април 2019

5da81671-285d-4d49-8037-9547d8a372c9

Г-дин Илија Господинов, Заменик претседателот на Управен одбор на МАСИТ во интервју за порталот biznisregulativa.mk ги истакна потребните измени во регулативата, соработката со државните и образовните институции, за подобрување на програмите за подготовка на кадарот и перспективите на македонскиот пазар на труд. Целносното интервју можете да го прочитате на наведениот линк. Повеќе информации


Одржана презентација на Вториот повик за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации во МАСИТ
12 април 2019

d274cad7-1636-49d3-abd3-99f925678748

Од страна на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, г-дин Јован Деспотовски во просториите на МАСИТ беше одржана презентација за Јавниот повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации. Повикот е отворен до 15.05.2019 година, а повеќе информации можете да најдете на линкот подолу. Повеќе информации


Трет “B2B” настан во рамките на GIVE проектот – Рига, Латвија
16 - 17 април 2019

d4dae09e-a88d-4dd3-88f8-7113df5d1dc4

Третиот “B2B“ настан во рамките на Green ICT Development (GIVE) проектот беше одржан во Рига, Латвија на 16-17.04.2019 година. Б2Б настанот беше организиран д страна на страна на Green and Smart Technology Cluster на кој учествуваа претставници од државни институции, кластери и компании. Следниот GIVE ”B2B” настан ќе биде организиран од 19-20.06.2019 година во Белград, Србија. Повеќе информации


„Интеграциите во Европската унија и реформскиот процес на преговарачкото поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“
18 април 2019

d3ac84ad-bf10-4854-a72c-6d0d19b469b5

Билјана Прличкова, Оперативен директор на МАСИТ учествуваше на панел дискусија во рамки на Интернационален форум на тема „Интеграциите во Европската унија и реформскиот процес на преговарачкото поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“, организиран од ПСМ Фондација. Настанот имаше за цел да овозможи вмрежување како и размена на добри практики во областа на поглавје 20.


МАСИТ во соработка со КПМГ одржа работилница на тема: Трансферни цени 
21 април 2019

c7320cfc-5dee-4bfb-9877-d4624b52d17d

Работилницата беше одржана во просториите на КПМГ на кој беа дадени на насоки за подготовка на извештај за трансферни цени согласно измените во Законот за данок од добивка е вистински предизвик кога се во прашање ИТ услугите. Исто така беа отоврени и повеќе прашања со компаните членки на МАСИТ кои ќе бидат директно адресирани до Министерството за финансии.


Интервју на Претседателот на Управен Одбор на МАСИТ, г-ѓа Анета Антова Пешева за inovativnost.mk
23 април 2019

af7ac397-bab4-4d90-b15d-2d1a5d8b875e

Новоизбраниот Претседател на Управен Одбор на МАСИТ, г-ѓа Анета Антова Пешева во интервју за inovativnost.mk дава осврт за тоа потенцијалот на ИКТ индустријата, која може да ја мапира Македонија како иновативна технолошка дестинација. Интервјуто во целост можете да го прочитате на следниот линк.


ИДНИ НАСТАНИ И МОЖНОСТИ


 МАСИТ и Даталаб се партнери во организација на PANTHEON Конференција на темa: Дигитализација на 2019 

14 мај 2019

c4c2e83c-51c5-42a8-b296-1690a5426464

МАСИТ и Даталаб се партнери во организација на PANTHEON Kонференцијата на тема Дигитализација 2019, која ќе се одржи на 14.05.2019 година, со почеток во 10:00 часот, во хотел Мериот, Скопје. Конференцијата има за намера да ги истакне актуелните иновации во областа на законодавството, претприемништвото и економијата, како и иновациите кои се носители на дигитализацијата практично применети во PANTHEON. На настанот ќе гостуваат реномирани експерти од областа, со желба да се стимулираат иницијативи и конкретни чекори на напредок во компаниите кои користат ЕРП решениа со посебен таргет на компаниите кои го користат нашиот производ во текот на предавањата и разни интересни дискусии. Повеќе информации


World ICT forum во Најроби, Кенија.
8-9 јули 2019

e2e31e33-f2e7-4161-b15f-2e01f403b0e4

Во Најроби, Кенија ќе се одржи World ICT forum 2019 на 08 – 09.07.2019 во организација на TraiCon. World ICT forum e стратешки настан на високо ниво, кој ги опфаќа главните индустриски трендови и развој на ИКТ индустријата за паметни инфраструктури, урбанистичко планирање, одржлива мобилност, импликации за вештачка интелигенција, паметна здравствена заштита, паметна безбедност и друго. World ICT Forum е глобална платформа која е создадена со цел да се креира максимална вредност во однос на враќање на инвестиции и време. Повеќе информации


clenstvo_info 

МАСИТ e партнер во развојот на агрегатниот порталbiznisregulativa.mk кој е дел од активностите  на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива. На овој портал бизнис заедницата може да се информира за најновите настани и бизнис активности во државата, како и за промените во законската регулатива поврзана со секојдневното работење.

 BR

МАСИТ е членка на WITSA (Светска Алијанса на Информатички Технологии и Услуги) која е водечки конзорциум во ИКТ индустријата во кој членуваат здруженија од 82 различни држави/економии.

 
WITSA_logo

МАСИТ е дел од Balkan and Black Sea ICT Clusters Network заедно со 27 ИКТ асоцијации од регионот и пошироко.

 3BICT

МАСИТ е дел од конзорциумот на проектот GIVE заедно со 8 други асоцијации, координиран од Бугарскиот ИКТ кластер како водечкi партнер на проектот.

givr_logo_vol_3 
МАСИТ е дел од European DIGITAL SME Allianceе, во која членуваат 28 национални и регионални асоцијации и ја претставуваат најголемата мрежа за мали и средни претпријатија во ИКТ секторот во Европа.  Digital_SME


 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

traicon_1