Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ и Стопанска комора на Северозападна Македонија потпишаа Меморандум за соработка



masit_sksz

Извршните директори на МАСИТ и на Стопанската комора на Северозападна Македонија, г-ѓа Анита Никова Бундовски и г-дин Дриљон Исени денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Долгогодишната плодна соработка меѓу двете стопански комори сега се формализира со цел истата да зајакне и да се развива во насока на идно интензивирање. Двете комори во иднина ќе реализираат заеднички активности кои вклучуваат: организирање на настани, вмрежување на компании, подигнување на јавната свест за одредени бизнис прашања од заеднички интерес, размена на информации, како и изработка на стратегии за клучните процеси во македонската економија. Крајната цел е посилно да се слушне гласот на бизнисот и активно да се делува во насока на креирање поповолна клима за водење и стартување бизнис во Република Северна Македонија.

Една од првите заеднички активности на МАСИТ и Стопанската комора на Северозападна Македонија е анализа на потенцијалот на земјата за аутсорсирање на бизнис процеси кон странски пазари (BPO- business process outsourcing). Оваа анализа треба да покаже колку во земјата има висококвалификувани работна сила (правници, економисти, сметководители и друг тип на профили) кои би можеле да даваат стручни услуги на странски пазари.

masit_sksz_2

Изјава на Анита Никова: „Во сегментот на аутсорсирање на ИТ услуги како земја сме добро етаблирани и пазарот е веќе сатуриран, но цениме дека има и други полиња како сметководство, финансии, управување со човечки ресурси, консултантство и други во кои нашите стручни кадри можат да дадат сериозен придонес. Со оваа активност, ќе се постигнат две придобивки: ќе поттикнеме отварање на компании со висока додадена вредност и ќе овозможиме вработувања на високо квалификувана работна сила”, објаснува Анита Никова Бундовски, Извршен директор на МАСИТ.

Изјава на Дриљон Исени – “Придобивките од аутсорсирање на дел од бизнис процесите ќе придонесе за компаниите да ги фокусираат и искористат нивните вештини и знаења во нивната клучна бизнис активност, со тоа што ќе придонесе да ја зголемат нивната ефикасноста, чија крајна цел е постигнување на поголема компетитивна предност. Од друга страна, развојот на секторот на аутсорсирање ќе има позитивен импакт и врз економијата, со тоа што ќе овозможува отворање на нови работни места”, истакна Дриљон Исени, Извршен директор на СКСЗМ.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

traicon_1