Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржан четврт Б2Б настан во рамките на GIVE проектот во Белград, Србија

 


give_belgrad

На 19-20 јуни 2019 година, српскиот автомобилски кластер го организираше четвртиот “B2B” настан во рамките на проектот Зелен ИКТ развој (GIVE) во Белград, Србија. Првиот ден се случи во просториите на ГИЗ во Белград, каде што се одржа состанок за проектот. Исто така, во текот на првиот ден презентации беа одржани од Clusterи кои доаѓаат од Хрватска, Египет и Франција, кои се потенцијални партнери.

Главниот настан се одржа на вториот ден во Научниот технолошки парк во Белград, каде што на отворањето се одржа поздравниот говор на г-дин Igor Vijatov, менаџер на Cluster и во српскиот Автомобилски Cluster и Томислав Кнежевиќ, ГИЗ. По отворањето, г-ѓа Anna Naydenova, Извршен директор на ИКТ Cluster Бугарија го претстави проектот ГИВ. Следен во агендата беше главниот говорник, г-дин Pierluigi Ghione, General Manager SEE, , MAGNA Seating Division со презентација на главната тема: Дигитална иднина на автомобилската индустрија. Во следната презентација г-дин Filip Mrdak го претстави Центарот за дигитална трансформација: национален одговор на глобалните трендови и потреби.

give_belgrad_2

Во третата сесија на настанот четири компании ги презентираа своите иновативни решенија, услуги и најдобри практики. Почнувајќи со претставник од компанијата Mitsubishi Electric кој презентираше на темата: Платформи за автоматизација во компанијата.

Втората презентација беше од страна српската компанија Novelic со фокус на развој на технологии за сензори во автомобили. Потоа следеше презентација од компанијата Festo на тема: Автоматизација на производните процеси, a во последната презентација на компаниите претставник од компанијата Andormeda Holding ги претстави своите уникатни производи и услуги.

give_belgrad3

Настанот заврши со кратко претставување на сите присутни и Б2Б средби помеѓу учесниците со цел да се воспостави вмрежување и дискусија за презентираните активности, производи, услуги, заеднички проекти, партнерства, размена на искуства и информации за пазарот.

За сите идни активности во рамките на проектот можете да најдете повеќе информации на социјалните медиуми на проектот GIVE на Facebook и GIVE LinkedIn групата. Следниот настан GIVE Б2Б настан ќе се организира на 24-25 септември 2019 година во Софија, Бугарија.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

kon_masit_19